Во Куманово одбележан Светскиот ден за борба против хепатитис

Куманово, 28 јули 2016 (МИА) - Трибина и едукативно предавање во рамки на одбележувањето на 28 јули, Светскиот ден за борба против хепатитис, се одржаа денеска во организација на НВО „Хепта“ во Куманово во соработка со кумановскиот Црвен крст.

Розалинда Исјановска од „Хепта“ рече дека целта на предавањето е информацијата да допре до граѓаните и да се едуцира општата популација за превенирање од вирусите А,Б и Ц.

Посочи дека интенција на Светската здравствена организација е да се елиминира заразната жолтица до 2030 година.

- Во селата од кумановско, заразната жолтица е регистрирана скоро секоја година и тоа посебно од типот А. Бројките се движат од 10 до 12 новорегистрирани случаи. Сметаме дека вистинската едукација и информација за општата популација помага да се превенира заболувањето, потенцира Исјановска.

Според неа, одржувањето на личната хигиена, пристапот до хигиенски исправна вода и хигиенска диспозиција на отпадните материи се клучни за превенирање на заразната жотлица тип А.

- За вирусот од тип Б постои терапија во Македонија која се наоѓа на позитивната листа и според испитувањата на Инфективната клиника во Скопје од 69 до 80 проценти од пациентите се лекуваат со терапијата. Воедно, во Македонија од 2004 година задолжителна е вакцинацијата за вирусот тип Б за сите новородденчиња која се дава во акушерските одделенија, а потоа следи и ревакцинација. Потребно е да се вакцинираат и тестираат постарите, затоа што вирусот може да се пренесе преку секрети и екскрети на човековото тело, додаде Исјановска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...