Промовиран романот „Единствена љубена“ од Вангелко Лозаноски

Крива Паланка, 28 јули 2016 (МИА) – Во рамки на „Кривопаланечко културно лето“ денеска во Локалната установа Градски музеј, Крива Паланка беше промовиран романот на Вангелко Лозаноски, „Единствена љубена“.

Ова е прва романескна форма на професорот Лозаноски кој потекнува од Демир Хисар.

- Во книгата се говори за љубовта, за онаа кон мојата сакана, единствена љубена, но и љубовта кон единствената земја-мајка, татковината, истакна на промоцијата авторот Лозаноски.

Лозаноски е претседател на Здружението на љубители на македонската литература, култура и наука. Автор е на неколку стручни трудови од областа на литературата и историјата, како и на две драми, неколку поеми и стихозирки.

Културната понуда за Паланчани продолжува со концерт на Скопскиот дувачки квинтет, кој ќе се одржи утре на плоштадот Карпошово востание, со почеток во 20 часот, во рамки на манифестацијата „Топол културен бран“ 2016.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...