Шолендил: Турскиот народ го спречи пучот кој можеше да има катастрофални последици

Скопје, 29 јули 2016 (МИА) - Tурскиот амбасадор во Македонија Омур Шолендил во ексклузивно интервју за МИА вели дека солидарноста на турскиот народ била пресудниот фактор кој влијаел за сузбивање на обидот на дел од вооружените сили да ја преземат власта. Според амбасадорот Шолендил, организатор на пучот од 15 јули била организацијата на Фетула Гулен, а нејзиниот евентуален успех можел да доведе до катастрофални последици кои ќе имаа регионални и меѓународни размери.

- Пред се и над се, турската нација го спречи пучот. Народот покажа историска солидарност и излезе на улиците каде остана цврсто и решително против државниот удар. Независно од нивните политички ставови, граѓаните храбро застанаа пред тенковите и ги заштитија своите демократски права. Имаме цврсти докази, поткрепени со изјави од извршителите, дека обидот за пуч бил подготвен од страна на терористичката организација на Фетула Гулен (ФЕТО). Јасно е дека групите поврзани со ФЕТО кои дејствуваат во Турција имаа за цел да се соборат избраниот Претседател и Влада, со цел да ја наметнат нивната агенда врз турскиот народ. На сите ни е јасно дека таков исход ќе имаше катастрофални последици не само за Турција туку и за целиот регион, вели амбасадорот Шолендил.

Запрашан за реакциите на турските власти по обидот за државен удар, за смените во армијата, јавната администрација и за поднесените обвинувања против осомничените соработници на пучистите, амбасадорот Шолендил вели дека земјата била соочена со екстремна закана за својата безбедност и единство и поради тоа е принудена да реагира.

- Мора да се подвлече дека обидот за државен удар беше извршен од страна на терористи, кои имаа за цел да ги соборат демократски избраните Претседател и Влада на Република Турција. Ова е екстремна и директна закана за безбедноста и единството на нашата држава. Иако, за среќа, државниот удар беше спречен, Турција мора да ги преземе неопходните чекори кои ќе гарантираат дека нема да дојде до повторен обид, изјави амбасадорот.

Во интервјуто кое денеска го објавуваме во целост, амбасадорот Шолендил изразува благодарност до македонските власти и македонскиот народ за силната поддршка искажана при обидот за државен удар. Тој вели дека турската држава и економија успеале бргу да ја вратат нарушената стабилност и дека се преземени мерки за да се задржи високата стапка на економски раст. Амбасадорот Шолендил додава дека аеродромите и туристичките центри во Турција функционираат нормално и се отворени за македонските туристи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...