Мотоциклист загина во сообраќајка во Гостивар

Гостивар, 29 јули 2016 (МИА) - Триесет и едногодишен гостиварец го загубил животот, во сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и мотоцикл. Несреќата била регистрирана утрово околу 2 часот и 30  минути на улицата „Братство-Единство“ во Гостивар.

Според првичните информации, автомобил „фолскваген-голф“ најверојатно управуван од 16-годишник од селото Мало Турчане удрил во мотоцикл на кој освен починатиот возач било и уште едно 16 годишно момче, кое поминало без посериозни повреди. Од ударот мотоциклистот М.Б. (31) од Гостивар се здобил со тешки телесни повреди и починал на лице место.

Во „голфот“ покрај малолетникот биле и тројца сопатници кои непосредно по сообраќајката биле повикани на разговор во полициска станица.

Надлежниот јавен обвинител издал наредба за обдукција на телото на починатиот, а при тоа ќе бидат направени и анализи на крв и урина на сите учесници во сообраќајната несреќа.

Од Обинителството информираат дека надлежниот јавен обвинител наредил да бидат земени ДНК профили на сите учесници во сообраќајната несреќа, кои ќе бидат споредени со трагите пронајдени на лице место.

Во полошкиот регион од почетокот на годинава, полицијата открила на 1.300  случаи на лица кои управувале без возачка дозвола или нерегистрирано возило.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...