Промовирани пет реконструирани фасади на објекти во Гостивар

Гостивар, 29 јули 2016 (МИА) - Министерката за култура Елизабета Канчевска-Милеска во придружба на соработниците денеска ги промовираше петте целосно обновени фасади на објекти во центарот на Гостивар. Објектите се наоѓаат на улиците „Димитар Влахов“ и „Илинденска“.

- Чувствувам особено задоволство поради фактот што Владата и Министерството за култура вложуваат многу енергија и средства за развој на културата и културните вредности во Гостивар. Капиталните инвестиции се бројни, со посебен акцент на заштитата на културното наследство и реконструкциите со кои овој град прераснува во атрактивна дестинација и на таков начин може да понуди вредна историска приказна, изјави Канчевска – Милеска.

Таа потсети дека со формирањето на Конзерваторски центар-Гостивар од 2010 година засилено се работи на поопсежна заштита и промоција на културното наследство и се заблагодари на соработката со локалните власти.

- Во изминатиов период особено внимание им е посветено на заштитата на Саат Кулата, Старото медресе, беговата ќука и куќата на семејството Чако за кои беа издвоени над 6 милиони денари. Наскоро ќе се отпочен и со реставрација и санација на цркавата Св. Димитрија, подвлече Канчевска - Милевска.

Беџахудин Шехапи, државниот секретар во Министерството ја нагласи соработката со локалната самоуправа и градоначалникот Невзат Бејта, која како што рече е на високо ниво и помага во успешна реализација на проектите.

Во првата фаза на реконструкција на фасадите во централното градско јадро опфатени се шест објекти, а целосно се завршени пет. До крајот на годината ќе се работи  на уште шест објекти кои имаат статус на културно добро, а од идната година на уште три. Според плановите до 2020 година предвидено е да бидат обновени фасадите на сите објекти во централното градско јадро.

Министерството за култура, ова лето, преку манифестацијата „Топол културен бран“ финансиски ги поддржа Меѓународната ликовна колонија и проектот „Еволуција на танцот“ .



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...