Во Кочани се реализира проектот „Полицијата и граѓаните заедно“

Кочани, 29 јули 2016 (МИА) - Полициската станица од Кочани во соработка со Здружението на пензионери на Кочани од денеска ги започна серијата предавања  кои се однесуваат на тоа како да се заштитат од крадци и други измами, како и од семејно насилство луѓето од третата  доба.

- Целта на овие тематски предавања со пензионерите се зачестените измами со пари, накит и дрва. Зголемениот број измами, кражби на подрачјето на СВР Штип, Полициска станица Кочани  за време на летниот период ја алармираше потребата од едукација на пензионерите од општините Кочани, Зрновци и Чешиново Облешево, како да се заштитат од ваквите појави, изјави Момчило Хаџи Паунов, помошник командир во Полициската станица Кочани.

- Вакви работилници чија цел е подигање на свеста кај повозрасните да не прифаќаат лесно понуди од страна на непознати луѓе е повеќе од корисна за пензионерите. Покрај средбата во Кочани вакви тематски предавања ќе организираме и со пензионерите од општините Зрновци и Чешиново Облешево, изјави Горги Серафимов, претседател на ЗП од Кочани.

Исто така голем е бројот на случаи кога повозрасните лица се и физички нападнати од страна на блиски роднини. Тематските средби со пензионерите се дел од проектот „Полицијата и граѓаните заедно“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...