МВР: Успешно заврши операцијата „Балкан“ за трговија со дрога

Скопје, 29 јули 2016 (МИА) - Полициите од Албанија, Бугарија, Македонија, Грција, Србија и Турција водеа паралелни истраги во рамки на операцијата за трговија со дрога „Балкан“ започната во 2015 година од Дирекцијата за борба со наркотици и нелегална трговија во рамки на албанската државна полиција во соработка со Обвинителството за сериозен криминал.

Македонското Министерство за внатрешни работи (МВР) денеска соопшти дека операцијата завршила успешно и дека истрагата резултирала со апсење на 28 лица, меѓу кои и петмина организатори и издавање налог за апсење за 20 други лица кои се вклучени во нелегалните активности на оваа организирана криминална група. Биле запленети приближно 27 килограми хероин, 2 килограма кокаин и речиси 184 килограми марихуана, како и повеќе од 38.000 евра, 1,5 милиони албански леки и четири оружја.

- Се очекуваат натамошни резултати од оваа заедничка истрага, стои во соопштението.

Истрагите биле насочени кон организирана кривична група, активна во различни земји од балканскиот регион, која тргува со различни видови дроги како хероин, кокаин и марихуана. Хероинот е набавуван од Турција и транспортиран до Албанија, со конечна дестинација во земјите на ЕУ. Марихуаната е снабдувана во Албанија и транспортирана во Македонија, Грција и Турција.

- Паралелни истраги беа водени во Албанија, Бугарија, Македонија, Грција, Србија и Турција. Размената на информации меѓу агенциите за спроведување на законот во овие земји се одвивале во реално време преку канал на Селек, се наведува во соопштението од МВР.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...