Капачите да ги почитуваат препораките на спасителите на Црвениот крст

Струга, 29 јули 2016 (МИА) – Во пресрет на претстојниот викенд и денот на Илинденското востание, 2 август кога се очекува поголем број туристи на охридското крајбрежје Црвениот крст – Струга апелира капачите, особено оние кои незнаат да пливаат да ги почитуваат препораките на спасителите.

Дел од најфрекфентните плажи на струшката ривиера, според секретарот на општинската организација на Црвениот крст – Струга Адуриме Даути, не ги исполнуваат условите за капење и рекреација на посетителите и немаат обезбедено спасители на вода.

-    Апелираме особено до оние туристи кои не знаат да пливаат да не одат подалеку од обележаната зона, која ја обезбедуваат  спасителите. Оние кои ги користат педалинките задолжително да ги носат елеците за безбедност, истакна Даути.

Само девет концесионери на плажи годинава имале потпишано договор со Црвениот крст за што се ангажирани 23 обучени спасители.

- Спасителите на вода секоја година поминуваат обука и се подготвуваат за сезоната. До сега успешно имаат интервенирано во повеќе случаи. И концесионерите  ја увидуваат потребата од спасител на нивните плажи што води и до зголемена безбедност и сигурност за туристите, истакна Даути.

Струшкиот Црвен крст упати апел и до концесиониерите да ги обезбедат потребните услови на капалиштата за што помалку несакани случаи и подобар имиџ на градот.

Спасителите на Црвениот крст пред десетина дена извадија давеник од водите на Охридското Езеро што скокнал од педалинка, кој по првичната реанимација беше однесен во Струшката болница, а потоа префрлен на Скопските клиники каде почина.

Минатото лето спасителите на струшките плажи имале интервенции кај четворица давеници, реагирале кај девет лица со топлотен удар, а имале и 98 интервенции на исекотини и кај 34 изгубени деца и успешно најдени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...