Запрашување против комарци во Кавадарци

Кавадарци, 29 јули 2016 (МИА) -  Почнувајќи од утре, па во наредните три дена, ќе се изврши запрашување против комарци во Кавадарци. Како што информираат денеска од Службата за односи со јавноста при кавадаречката општина, запрашувањето е во согласност со  годишната програма за дезинсекција.

- Запрашувањето што ќе се изврши од земја во раните утрински часови и тоа на целата територија на општината, ќе го спроведе Центарот за јавно здравје Велес, соопштуваат од Службата за информирање при локалната самоуправа.

Притоа ги известуваат сопствениците на пчели,  да преземат мерки на заштита на пчелните семејства, за да не дојде до  несакани последици.

Доколку во деновите предвидени за запрашување против комарци  има врнежи од дожд, тогаш заштитата  ќе се спроведе во првиот сончев ден после врнежите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...