Во Битола проекција на етнокореолошки филмови од 1967 година

Битола, 29 јули 2016 (МИА) - НУ Центар за култура-Битола во рамките на придружните манифестации на фестивалот „Илинденски денови“, денеска приреди промоција и проекција на ретки етнокореолошки филмови снимени во периодот 1967-1973 година од американскиот фолклорист Роберт Хенри Либман.

Станува збор за етнокореолошкиот филм снимен во селото Гари на 28 август 1967 година каде група локални жители на собор ги играат ората „Лесното“ и „Тешкото“, но и друг редок материјал кој е дел од архивата на Стојанче Костов етнокореолог, асистент истражувач за народни ора во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“-Скопје.

- Видео записите ги обезбедив од американскиот истражувач Роберт Хенри Либман кој престојувал во Македонија. Во неколкуте етнокореолошки филмови како редок видео запис и кој го нема во македонските архиви може да се погледне изведба на ората „Лесното“ и „Тешкото“ во селото Гари пред една семејна куќа каде посебно во орото „Тешкото“ се вклучува и една жена. Спецификата на етнокореолошките филмови е што во нив се емитува само снимен материјал од народни игри, ора и ретки или традиционални музички инструменти, појасни Костов.

Публиката во Битола, освен етнокореолошкиот видео запис од селото Гари, погледна и куси филмови од настап во Загреб во 1972 година на групата „Русалии“ од селото Петрово-Гевгелија, настап на фолклорната група „Русалии“ од Богданци на Балканскиот фестивал во Охрид во 1972 година и други ретки материјали.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...