Авторска вечер со Виолета Танчева Златева на фестивалот Барски летопис

Скопје, 29 јули 2016 (МИА) - Македонската книжевница Виолета Танчева Златева гостуваше на 29. издание на Фестивалот Барски летопис, што се одржува од 15 јули до 23 август во Бар, Црна Гора. 

Селекторката на книжевната програма на Барскиот летопис Мила Чордашевиќ во воведната реч истакна дека Танчева Златева на македонската книжевна сцена е препознатлива како авторка на поетската книга насловена „Година без лето“ која е овенчана со наградата „Браќа Миладиновци“ и прогласена за најдобра поетска збирка на македонски јазик во 2015 година. Делови од оваа книга, посочи Чордашевиќ, се препеани од писателот Сретен Вујовиќ на црногорски јазик.

За тоа како го доживува  чинот на пишување поезија и воопшто за македонската поетска сцена денес со Танчева Златева во убавиот амбиент пред дворецот на крал Никола разговараше новинарот, книжевник и уредник на порталот „Бар Инфо“ Жељко Миловиќ. 

- За да бидеш поет мора да носиш нешто во себе. На сите нам Господ ни дал некаква дарба. Некој вели дека поезијата е проклетство од аспект дека тоа не е избор, како некој друг занает кој го учиш или завршуваш училиште па стануваш, на пример лекар. За поезија мора да носиш нешто во себе и поезијата е проклетство, бидејќи не можеш да побегнеш од неа ако ја носиш во себе, вели Танчева Златиева. 

Според Миловиќ, Македонија е една од ретките земји која многу полага на поезијата и во која има бројни фестивали посветени на поезијата.


На прашањето каква е состојбата со поезијата денес во Македонија, Танчева Златева се согласува дека навистина многу се негува поетското творење во земјата.

- Јас не знам што е со нас. Ние сме како некоја поетска нација, не знам дали заради поднебјето или е нешто друго во прашање. Минатата година кога јас добив награда во конкуренција беа 51 збирка. Тоа е многу за толку мала земја. Имаме многу фестивали и навистина се негува поезијата, оценува Танчева Златева.

Виолeта Танчева Златева покрај поезија пишува и проза и есеи, а се занимава и со преведувачка дејност. Член е на Друштвото на писатели на Македонија и на редакцијата на списанието за книжевност и култура „Акт“. Учествувала на бројни книжевни манифестации и меѓународни поетски средби.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...