Почнува фестивалот „Дојран ечи“

Дојран, 29 јули 2016 (МИА) - Првиот фестивал со исклучиво македонски изведувачи „Дојран ечи“ ќе се одржи денеска и утре во Стар Дојран во рамки на културната манифестација „Дојран град на културата“.

Организаторот информира дека фестивалот вечер во 21 часот ќе го отвори групата ДНК, по која се очекува да настапат уште Дарио, Игор Џамбазов, Гуру Харе и за крај на главната сцена на паркингот „Гранит“ е најавен настапот на Бени Шаќири и „Нон Стоп“.

Од главната, настаните ќе се префрлат и ќе продолжат на денс сцената на плажата „Свети Никола“ каде ќе настапат неколку диџеи од Македонија со гостинот Мистер Спирос од Грција. Потоа следуваат настапите на Угро, Мартија Станојковиќ, Владо Јаневски ,Куку леле и Либеро бенд кои ќе ја затворат првата фестивалска вечер.

Утре на денс сцената на плажата „Свети Никола“ која се наоѓа спроти главната сцена на паркингот Гранит, организаторите најавија настап на диџеите Готзен и Зоки Поки, како и на специјалниот гостин Павле Васиљевиќ.

За целосно уживање на посетителите, фестивалот на плажата „Свети Никола“ ќе организира и дневни забавни активности со голем број награди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...