Жителка од Матејче се породила и го фрлила бебето во река

Деветнаесет годишната А.М. жителка на село Матејче вчера била примена на гинеколошкото одделение во Куманово со обилно крварење, откако претходниот ден се породила во својот дом и го фрлила бебето во реката што поминувала зад нејзината куќа.

Како што соопшти МВР, вчера околу 11,30 часот во СВР Куманово од страна на медицинска сестра од гинеколошко одделение при Општа Болница Куманово е пријавено дека на нивното одделение со обилно крварење е донесена А.М. (19) од село Матејче, Општина Липково. Од извршен преглед на лекар-гинеколог е утврдено дека истата се породила во период од 24 часа. А.М. која што веќе била во поодмината бременоста и за која не постојат податоци дека претходно била лекарски контролирана за бременоста, на 18 август 2016 година почнала да крвари, по што отишла во тоалет во нејзината куќа каде се породила.  Го извадила бебето по што го фрлила во река што поминува зад нејзината куќа. Откако и се влошила состојбата нејзините родители ја пренеле во Општа болница во Куманово.

Со настанот е запознаен Јавен обвинител од ОЈО Куманово, по чија наредба од страна на лекар од судска медицина над А.М. ќе биде извршен гинеколошки преглед, а телото на бебето кое било пронајдено ќе биде предадено на судска медицина заради обдукција.  

Извршен е комплетен увид на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...