Грција и Македонија можат да живеат и да разговараат во хармонија

Мерките за градење доверба се уште еден доказ дека Грција и Македонија можат да живеат и да разговараат во хармонија, во една средина која не е особено стабилна, изјави грчкиот заменик министер за надворешни работи Никос Ксидакис, задолжен за европски прашања.

Во интервју за весникот „Агора“, тој рече дека се работи за „меѓусебна добра волја“.

Сепак, во согласност со официјалната грчка политика, Ксидакис не пропушти да каже дека дека „е време (Македонија) да се откаже од ултранационалистичкиот екстремизам, идеолошката злоупотреба на историјата и иредентистички ексцеси кои не им прават услуга на народите и речиси секогаш се за домашна употреба“.

Во врска со бегалската криза, тој изјави дека двете земји, билатерлано, имаат добра соработка во решавањето на кризата, додавајќи дека „пред да се изгради бодликавата ограда, меѓу Грција и Македонија немало тензии во врска со бегалците“.

Ксидакис на крајот нагласува дека целта секогаш е разликите да се решаваат, за двете земји да се движат кон иднина во пријателство и меѓусебно разбирање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...