Во Куманово ќе се одржи 12. меѓународен тамбурашки фестивал

Куманово, 24 август 2016 (МИА) - На градскиот плоштад во Куманово во петок и сабота по 12-ти пат ќе се одржи меѓународниот тамбурашки фестивал, соопштија на денешната прес-конференција градоначалникот на општина Куманово,Зоран Дамјановски и надлежните од Фондацијата за култура и спорт.

На двете фестивалски вечери ќе настапат шест тамбурашки оркестри од Македонија и земјите од соседството.

- Годинава во однос на претходните години, имаме побројни оркестри кои бројат помеѓу 20 и 25 члена.Ќе настапат реномирани тамбурашки оркестри кои ќе понудат одличен избор на музика за љубителите на тамбурата, изјави Нино Величковски, уметнички директор на фестивалот.

На првата фестивалска вечер ќе настапат „Трио Гранде Плус“ од Кавадарци со специјален гостин Бубо Каров,по што ќе настапи кумановската група „Амадеус“ и Игор Васиљков. По нив следува настапот на градскиот тамбурашки оркестар „Бранко Радичевиќ“ од Рума,Србија. Првата фестивалска вечер ќе ја затвори ансамблот „Здравка Ќосиќ“ од Бања Лука.

Втората вечер ќе ја отворат домаќините „Наши тамбураши" и Нино Величковски со Ивона Јовановиќ и Мартинијан Кириловски, а вториот дел од вечерта ќе биде посветена на словенечката музика со настапите на тамбурашките оркестри „Шмартно" од Литија и „Цирковице" од Словенија.

- Традицијата продолжува,успеваме да создадеме престижен фестивал во Македонија кој ја афирмира тамбурашката музика,единствен фестивал со ваков вид музика во државата, изјави граадоначалникот Дамјановски.

И годинава меѓународниот тамбурашки фестивал се одржува со поддршка на градоначалникот и советот на општина Куманово и на Министертвото за култура, за што се одвоени 600.000 денари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...