Во штипско-карбинскиот регион рекорден број пожари на отворено

Штип, 24 август 2016 (МИА) - Рекорден број на интервенции имаат штипските пожарникари во текот на август, информира командирот на ТППЕ-Штип, Благој Ренџов, посочувајќи дека пожарникарите секојдневно гаснат по два или три пожари на запалени стрништа и на сува трева.

- Месец август не е поминат а имаме веќе 67 пожари само овој месец на отворено. Апелираме повторно до земјоделците да не ги палат стрништата, бидејќи неконтролирано ги зафаќаат и останатите земјоделски површини и шумски појаси, рече Ренџов.

Командирот на Противпожарната единица во Пробиштип, Милан Терзиќ вели дека во текот на јули и август регистрирани се поголем број интервенции на отворено.

- Во јуни имаме шест пријави за пожари, јули имаме некаде 12, а август имаме шест пријави на отворен простор. Материјални штети немаме од овие пожари на отворено, изјави Терзиќ.

Противпожарните единици од Штип и Пробиштип имаа едукативни кампањи и заедно со полициски службеници и претставници од ЈП „Македонски шуми“ беа на терен со цел да им укажат на земјоделците и на сточарите да не ги палат стрништата и пасиштата во текот на летото.

Во Штип пред два дена поради запалена сува трева во опасност беа доведени куќи и викендици во населбите Пребег, Мерите и Рибник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...