Радовишки „Бучим“ ќе донира 100.000 евра за жителите од поплавените подрчја во Скопско

Штип, 24 август 2016 (МИА) - Рудникот за бакар „Бучим“–Радовиш ќе донира 100.000 евра во фондот за жителите кои беа поплавени во скопскиот регион. Заменик менаџерот на рудникот „Бучим“-Радовиш, Николајчо Николов за МИА вели дека одлуката ја имаат донесено раководството и вработените во единствениот рудник за бакар во земјава.

- Средствата кои беа наменети за манифестациите за одбележување на Денот на рударите во рудникот Бучим и дополнителни средства од сопственикот на рудникот во висина од 100.000 евра ќе бидат уплатени во фондот за поплавените жители во скопскиот регион. Значи вработените и раководството  се откажуваат од прославите на Денот на рударите, со цел да им се помогне на настраданите семејства во скопскиот регион,  вели Николов.

Тој додава дека  првата половина од годината радовишки „Бучим“ ја заврши со одлични производствени и финансиски резултати и покрај ниската цена на бакарот, која во моментов на Светските берзи изнесува 4.800 долари за тон бакар.

Николов, кој е и претседател на Македонската асоцијација за рударство, вели дека  во рударскиот и преработувачкиот сектор вработени се 12.000 работници, а рударскиот сектор учествува со 1 процент во БДП.

- Во првото полугодие е заблежан пад во рударскиот сектор поради неработењето на рудниците за олово и цинк „Злетово“ во Пробиштип и „Тораница“ во Крива Паланка. Но, со рестартирањето на овие два рудника очекуваме да се подобрат производствените резултати во рударскиот сектор, вели Николов.

По повод Денот на рударите на 28.август најавено е и рестартирање на рудникот „Злетово“ во Пробиштип од страна на фирмата „Булмак 2016“, односно на бугарската компанија „Минстрој“ која е новиот сопственик и концесионер на рудниците „Злетово“ и Тораница“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...