Обраќање на Вељаноски пред Амбасадорскиот совет

Скопје, 24 август 2016 (МИА) - Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска се обрати пред амбасадорите во рамки на редовниот работен состанок на шефовите на Дипломатско-конзуларните претставништва, што од денеска до 26 август се одржува во Министерството за надворешни работи.

Во своето обраќање, Вељаноски истакна дека овие средби, кои веќе стануваат традиција, претставуваат една од алатките во креирањето на надворешната политика во двете институции, Собранието и Министерството за надворешни  работи.

Вељаноски во своето обраќање се осврна на повеќе актуелни теми кои се приоритет во меѓународната политика на Македонија, но и на актуелните случувања на внатрешен политички план и предизвиците во периодот што следи. Интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО, стратешкото партнерство со САД, регионалната соработка и парламентарната дипломатија беа во фокусот на дебатата на Вељаноски со претставниците на Македонија во дипломатско-конзуларните претставништва, се наведува во соопштението на Кабинетот на претседателот на Собранието.

Вељаноски обраќајќи се на дипломатите рече дека е чест, но и голема обврска да си амбасадор или дипломатско конзуларен претставник на својата држава. Во таа смисла, истакна уверување дека тие две димензии се присутни во нивното работење и побара да ја користат секоја можност да се пренесе вистината за Македонија, за македонскиот народ и за сите други етнички заедници кои живеат тука со векови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...