Јубилејно 55 издание на Струшките вечери на поезијата

Струга, 24 август 2016 (МИА) – Струшките вечери на поезијата има значајно местото во меѓународната поетска јавност, не само заради тоа што е најстар поетски фестивал, туку и заради моќта на поврзување на јазиците и културите од сите континенти од почетоците до денес, оцени раководството на фестивалот.

На денешната прес-конференција, со која почна 55 јубилејно фестивалско издание директорот Мите Стефоски и претседателот на Управниот одбор Славе Ѓорѓо Димоски се осврнаа на работата во изминатите години и начинот на кој работат за да го зачува светското реноме и углед кој е наследен.

- Во наредните неколку дена Струга е во центарот на светското поетско влијание. Годинава е јубилејно 55 издание, 55 години ние го правиме фестивалот на кој учествувале над 5.000 поети, кои своите поетски пораки ги испратиле од ова мало место, кое овие денови станува една планетарна точка во културата, поезијата, хуманоста, истакна Димоски.

Задачата на Струшките вечери на поезијата, според Стефоски, е да придобива нова публика, не само во рамките на фестивалот, туку и во секојдневното живеење.

- Она што ние се обидуваме да го направиме сега во 21 век е да направиме фестивалот да биде поатрактивен, да работиме за вистинска деметрополизација на културата во согласност со глобалните настојувања. Имамем една нова генерација читатели кои нависитна ќе може да уживаат во она што Струшките вечери како издавачка дејност го имаат и го пренесуваат како врвни дострели од светската книжевност во превод на македонски.  Но истовремено и превод на македонската поезија на други јазици, рече Стефоски.

Струшките вечери на поезијата, додаде тој, треба да ја имаат меѓународната улога како креатори на културните политики во областа на поезијата.

- Тоа не е некоја претенциозна изјава бидејќи местото во светската книжевна јавност го има не само заради тоа што е најстар поетски фестивал, туку и дека е еден од најзначајните што извршиле влијание токму во времето кога била отежната комуникацијата меѓу Истокот и Западот, кога токму Струга била седиште за градење на тие мостови на луѓето, кога луѓето од зад железната завеса од истокот и западот единствено тука, во поетска Струга можеле да се сретнат и да го презнетираат своето творештво, нагласи Стефоски.

Изминативе години, додаде, промовираме еден концепт содржините да бидат поатрактивни и да овозможат подетален увид во претставувањето на поетите кои сме ги поканиле.

- Поетите имаат можност пообемно да го претстават своето творештво преку содржината „Поетско кафе“,  а со тоа внесуваме и содржини кои с еатрактивни за публиката, истакна Стефоски, кој посочи дека се надргадени и проеките од минатата година како што е „Кругови“, во кој поетите читаат поезија на отворена сцена на истекот на реката Црн Дрим.

Во однос на програмската содржина за застапеноста на македонската поезија која  е значајна за фестивалот, од минатата година воведена е нова содржина кога потесниот избор од наградата „Браќа Миладиновци“ се претставува во пресрет на соопштувањето на наградата.  Вечерта посветена на современата македонска поезија во рамките ан годинашниот 55 – годишен јубилеј ќе биде посветена на сите досегашни добиртници на наградата „Бараќа Миладиновци“.

Од годинашните изданија на СВП беа промовирани двојазично издание на добитникот на „Златниот венец“ Маргарет Атвуд,  превод од Фламански јазик на македонски на книгата „Оваа бела тапацирана соба“ на Руна Светликова,  добитникот на наградата Мостови, минатогодишниот добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ „Година без лето“ на Виолета Танчева Златева, „Кој е кој“, книга посветена на учесниците на фестивалот, ...

Официјалното отворање на Фестивалот ќе биде вечерва со традиционалното читање на Константиновата Т`га за југ и палење на фестивалскиот оган.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...