Почнува изградбата на рударскиот комплекс во Казандол

Скопје, 25 август 2016 (МИА) - Компанијата Сардич MЦ по двегодишни истражувања, денеска почнува со изградба на својот рударски комплекс во Казандол,  Валандово. Ова е првпат по 40 години во Македонија да се гради рудник. Инвестицијата е англиска и е проценета на 35 милиони евра, а во првите седум години се очекуваат приходи од  близу 135 милиони евра или околу 20 милиони евра годишно. 

На Казандол се потврдени резерви од 33 милиони тони рудни количина. Досега се потврдени за 20 години експлоатација.  Капацитетот на рудникот е 4.000 тони катоден бакар. Ќе биде вградена современа технологија од  фински „Аутотек“ која нема да има негативно влијание на животната средина.

Во фабриката што ќе се изгради во комплексот ќе бидат ангажирани директно 100 лица, а индиректно во целиот комплeкс ќе бидат ангажирани 250 лица.

Рударскиот комплекс се очекува да има позитивно влијание во регионот, но и приходи за државата. Компанијата ќе работи според македонски закони и според нив ќе плаќа давачки. Проценетиот прилив на средства во Македонија од производниот капацитет е 20 милиони евра.

Се очекува производството на првите бакарни катоди да почне за една година. Производството ќе биде пласирано на европскиот пазар.

Ова е прва фаза на проектот. Со отворање на следниот рудник планирано е и отворање дополнителен погон за преработка на катодите во бакарни цевки и валана жица.

Покрај концесијата за Казандол компанијата има концесија и за Петрошница и за Плавуш.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...