Во Неготино изложба на икони „Откровение во бои“

Неготино, 25 август 2016 (МИА) - Во пресрет на христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), синоќа во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев” од Неготино, беше отворена изложба на икони насловена  „Откровение во бои“, со дела од авторите Златко и Соња Лечковски од Битола.

- Интересот за уметноста и живописувањето кај нив се јавува  уште во најраните години и првите дела ги создаваат  високо во зелените предели на своето родно село. Во Битола и се придружуваат  на групата млади уметници во ателјето при храмот на Пресвета Богородица, кај двајцата еминентни живописци Ристо Димовски и Никола Крнчев, кои творат под влијание на русинот Иван Мелников. Во следните неколку години работат на живописување на разни цркви и манастири во преспанскиот, струшкиот, дебарскиот регион, како и во неколку цркви во соседна Грција, рече Мирјана Јованова, директор на Центарот.

Досега неколкупати самостојно имаат изложувано во Битола, Охрид, Прилеп, Ресен, како и учествувано во многубројни групни изложби. Нивни дела освен во Македонија, можат да се видат  низ европските земји, како и Австралија и Америка.

- Интересно е да се каже  дека и бискупот на Англиканската Црква од Лондон Ричард Чартрес поседува две икони кои тие ги изработиле . Имаат учествувано  во многу хуманитарни акции.  Имаат добиено и неколку признанија и благодарници, како од свештени лица, така и од високи функционери на Република Македонија.  Живеат и создаваат во Битола, а во моментов  го изработуваат живописот во неколку помали локални цркви во Битолско, додаде Јованова.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...