Поетски портрети и „Поезија на пат“ на Струшките вечери на поезијата

Струга, 25 август 2016 (МИА) – Учесниците на 55 Струшки вечери на поезијата, покрај во Струга свои творби денеска ќе читаат и во Ресен и Охрид во рамки на проектот „Поезија на пат“.

На програмата на јубилејното издание на СВП денеска е и портретот на минатогодишниот добитник на наградата „Браќа Миладиновци“,  Виолета Танчева-Златева, како и поетските читања „Кругови“ во кои учесниците  читаат поезија на отворена сцена кај истекот на реката Црн Дрим, кај плажата „Галеб“. Новина годинава  е „Поетско кафе“, кое претставува одлична можност за меѓусебно дружење на учесниците  и  пообемно да го претстават своето творештво.

Педесет и петтите Струшки вечери на поезијата почнаа синоќа со традиционалното читање на Константиновата Т’га за југ и палење на фестивалскиот оган пред Домот на поезијата, а по официјалното отворање од министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и директорот на СВП Мите Стефоски,   продолжи со Меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“.  Годинашната добитничка на највисокото фестивалско признание „Златен венец“,канадската романсиерка, поетеса, книжевна критичарка и активистка Маргарет Атвуд, која не присуствуваше на официјалното отворање преку видео порака се заблагодари за наградата. Изрази жалење што неможе да присуствува, но рече дека духовно е со нас и се заблагодари што нејзината поезија е преведена на македонски јазик.

Традиционалното садење на дрво и поетско читање во чест на добитникот на „Златниот венец“, канадската романсиерка, поетеса, книжевна критичарка и активистка Маргарет Атвуд ќе се одржи в сабота во Паркот на Поезијата.

На јубилејните 55. Струшки вечери на поезијата ќе учествуваат 32 поети од 30 земји. Присутни ќе бидат поети од соседството, Италија, Австралија, Обединетите Арапски Емирати, Турција, Белгија, Израел, Унгарија, Кина, Калифорнија, Мексико, Шпанија, Франција, Ирска, Индија,...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...