Телеграма со сочувство од Заев за жртвите од земјотресот во Италија

Скопје, 25 август 2016 (МИА) - Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, испрати телеграма со сочувство до претседателот на Италија Серџо Матарела, премиерот Матео Ренци и граѓаните на Италија за жртвите од катастрофалниот земјотрес, соопшти денеска СДСМ.

- Со големо жалење и загриженост ги следиме информациите за ситуацијата со големиот број настрадани, тешко повредените и потресите што не престануваат. Ја споделуваме болката со семејствата кои загубија свои најблиски и нашите мисли и надежи се со граѓаните кои се борат за живот под урнатините и во болниците. Со оглед дека во овие моменти приоритет е спасувањето на преживеаните, очекувам солидарност од широки размери сега, како и во надминувањето на разорните последици со огромни материјални штети, наведува Заев во телеграмата. 

СДСМ, додава Заев, е подготвена да помогне на Италија во рамки на своите можности. Посакуваме брзо опоравување на повредените и стабилизација на природната непогода.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...