Шест офицери на АРМ во нова ротација во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан

Скопје, 25 август 2016 (МИА) - Во Министерството за одбрана денеска шест офицери на Армијата на Република Македонија свечено беа испратени како нова ротација на припадниците на АРМ во рамки на германскиот контингент во Командата за обука, советување и асистенција „Север“ во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан.

На испраќањето, министерот за одбрана Зоран Јолевски нагласил дека Македонија е горда на своите мировници, кои во континуитет покажуваат исклучителни способности и вештини.

- Знам дека Вие сте целосно подготвени, имате големо искуство и ќе ја прикажете нашата Армија во вистинско светло, посочил Јолевски. 

Според него, освен нашата посветеност кон глобалниот мир, што, како што е наведено во соопштението, е факт кој го препознаваат нашите сојузници, со учеството во мировните мисии, Република Македонија и Армијата добиваат кадри кои се стекнуваат со нови искуства, нови вештини кои се пренесуваат на сите припадници на АРМ.

- Исклучително значајно е што учеството во оваа мисија има нов квалитет – Армијата на Република Македонија учествува со свои офицери во командите на мисијата во Авганистан. Република Македонија во „Одлучна поддршка“ учествува со 39 припадници на АРМ, стои во соопштението од МО.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...