Асфалтиран патот до археолошкиот локалитет и манастирот Св. Петка во Пехчево

Пехчево, 25 август 2016 (МИА)  - Заврши асфалтирањето на локалниот пат до археолошкиот локалитет и манастирот Св. Петка во Пехчево, во должина од 1,5 километри,  проект вреден 8.090.512,00 денари и финансиски поддржан од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година.
 
Според информациите на градоначалникот Игор Поповски, остануваат уште некои детали за да биде официјално пуштен во употреба. 
 
- Изградбата на овој пат е од големо значење за развојот на туризмот во Пехчево, затоа што археолошкиот локалитет и претходно бил посетуван од туристите, но сепак, пречка била инфрастуктурата и непристапноста, а сега очекуваме посетеноста да биде уште поголема, рече Поповски.
 
Тој додаде дека манастирот „Света Петка“ е подигнат во 2001 година, во дворот на археолошкиот локалитет од стариот женски манастир „Св Илија“. Ѕидините од старохристијанската базилика сведочат за животот на монахињите, а покрај остатоците од црквата, градена од камен и вар, овде има остатоци и од придружни објекти кои биле во функција на манастирското стопанство. Легендата зборува дека се работи за импозантен комплекс со камбанарија чиј звук се слушал дури во соседните Берово и Царево Село. 

 
- За овој археолошки комплекс, знаат малкумина, бидејќи досега немаше соодветен пат, но сепак, самата локација е на 4 километри од Пехчево во предел кој е идеален за посетители. Со изградбата на инафраструктурата и одредени проекти кои ги планираме во наредна фаза, ќе ја заокружиме и оваа локација, како причина повеќе за да се посети Пехчево, рече Поповски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...