Гужва на патарините и граничните премини

Скопје, 25 август 2016 (МИА) - На автопатот А1/Е75 Табановце-Богородица зголемен е интензитетот на сообраќај во правецот на север. На наплатните станици за патарина Стоби, Отовица и Романовце присутен е поголем број возила, информира Автомото сојузот на Македонија во пладневниот извештај за состојбата на патиштата.

Поголем број возила е присутен и за излез од Македонија на граничните премини „Табановце“ и особено „Богородица“.

На граничните премини, укажува АМСМ, можни се задржувања од 20-тина минути за влез и за излез од државата.

Според АМСМ,  интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози.

АМСМ потсетува дека обиколницата Скопје е пуштена за сообраќај во двата правца, но оти има делови од коловозот кои се оштетени, каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...