Се санира свлечиштето на патот Крива Плаанка-село Дурачка Река

Крива Паланка, 25 август 2016 (МИА) - Локалната самоуправа на општина Крива Паланка ангажираше фирма за санација на големото свлечиште на патнипт правец Крива Паланка - село Дурачка Река. Работници и градежни машини интензивно работат на терен, а најавено е и решавање на проблемот со свлечиштето во село Станци.
 
- Ова е поголем проблем кој го имаме подолго време на новоизграденито пат до село Станци. Свлечиштето настана по големото невреме и поројни дождови лани, а веќе беше истечен гарантниот рок за патот . Подолго време правевме испитувања на теренот и чекавме да се стабилизира земјиштето, по што преминавме на решавање на овој проблем, санација на свлечиштето и поставување габиони, информира градоначаникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.
 
Дополни дека се користи овој период на суво и стабилно време без врнежи да се санира комплетната зафатена површина.
 
- Свлечиштето претставуваше ризик и за минувачите, но и за жителите на населбата кои минуваат тука, посетителите и туристи во овој реон, но и оние кои имаат домови под самиот пат. Вложени се буџетски средтсва од општината и се надевам трајно ќе го отстраниме овој проблем,истакна Алексовски.
 
Свлечиштето пак, кое затрупа дел од локалниот пат во село Станци, рече, е круцијален проблем на кој постојано се работи.
 
- На патот до село Станци не може да се отстрани свлечиштето, станува збор за огромна маса земјиште и опасност да се активира повторно. Направивме т.н. бај-пас решение со премостување на пат преку Станечка река кој продолжува кон село Станци, додека во консултација со Министерството за транспорт и врски веќе се работи на изготвување проект за пробивање  нов пат до село Метов бидејќи постојниот не смее да се користи, додаде Алексовски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...