Во Kрива Паланка отворен работен клуб за млади

Крива Паланка, 25 август 2016, (МИА) - Во општина Крива Паланка започна со работа работен клуб во рамки на  проектот „Создавање на можности за младите од руралните средини“ кој се спроведува од Центарот за економски анализи (ЦЕА) и Федерацијата на фармери на Република Македонија.
 
Целта на проектот, финансиран од програмата на ИПА – Развој на човечки ресурси, на Европската Унија, е да се овозможи вклучување на младите од руралните средини на пазарот на трудот од Североисточниот регион на Македонија.
 
- Проектот „Создавање можности за вработување на младите од руралните средини“ ги поддржува младите невработени лица од руралните средини во Североистокот, преку обезбедување можности за зголемување на вештините за вработување, зголемување на конкурентноста на пазарот на труд, како и создавање можност за професионален развој. Работниот клуб е отворен како дел од активностите на проектот , со кои е направена и анализа на пазарот на труд во Североисточниот регион, аорганизирани беа и повеќе Саеми за кариера, информира Весна Гарванлиев-Андонова, координатор на проектот.
 
Идејата е преку овие клубови да се обезбеди практикантска работа за млади невработени лица, на возраст од 20-39 години.
 
- Младите невработени лица  имаат можност за бесплатни обуки, практикантска работа во компанија од регионот, како и практикантска работа во локалниот работен клуб. Клубот е сместен зад општинската зграда во Крива Паланка и сите заинтересирани невработени лица  можат да се пријават за унапредување на своите практични вештини, преку неколку месечна платена пракса во локална компанија или да ги зголемат своите меки вештини преку посета на работниот клуб, дополни Гарванлиева- Андонова.
 
Освен во Крива Паланка,отворени се работни клубови и во Липково и Старо Нагоричане кои ќе функционираат во период од една година.
 
Потенцијалните практиканти можат дааплицираат во работните клубови, а апликациите се достапни и наHYPERLINK "http://www.cea.org.mk/" \nwww.cea.org.mk.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...