Објавени резултатите од Остен биеналето на цртеж Скопје 2016

Скопје, 25 август 2016 (МИА) - Остен биеналето на цртеж Скопје 2016 е многу успешно. Оваа година на објавениот отворен повик се пријавија 690 автори од целиот свет, од 66 држави со 2.240 дела. Највисоката награда, „Гран при за животно остварување“ ја доби скулпторот Тони Крег, кој живее и работи во Германија. Наградата „Светско културно наследство“, која се доделува на починат уметник кој направил значително влијание на светската уметност, оваа година му се доделува на Салвадор Дали од Шпанија. 

Ова на денешната прес-конференција го соопшти извршната директорка на „Остен“ Корнелија Конеска. Таа појасни дека за наградите „Гран при“ и „Светско културно наследство“ одлучува Бордот и Советот на амбасадори на „Остен“. 

Во соработка со Светската асоцијација на визуелни уметности се доделува наградата „Уметник на светот“ на двајца уметници, Родољуб Анастасов од Македонија и Јиржи Андерле од Чешка. 

Конеска информира дека интернационалното жири во состав Урсула Боде од Германија, Венцеслав Антонов од Бугарија и Патриција Шнел-Гутиерез од САД донело одлука од 690 автори, 250 да бидат претставени со една репродукција во каталогот на биеналето на цртеж. Жирито донело одлука да се доделат повеќе награди. 

- Ген Моримото од Јапонија ја добива првата награда за цртеж, а прва награда за сликарство на хартија Јошкин Шиљан од Србија. Прва награда за графика добива Деница Јанева од Бугарија, прва награда за оригинално дело Џоан Белмар од САД и прва награда за млад уметник Александра Манѕари од Грција, рече Конеска.

Наградатата „Златен остен“ ја добиваат Алтај Алдоган од Турција, Елпида Хаџи-Василева од Велика Британија, Мириам Хофер од Германија, Тијана Којиќ од Србија и Ирена Паскали од Германија. 

Посебна награда од жири добија Блажеј Балаж од Словачка, Пол Меклоски од Ирска и Марија Алексиева од Бугарија. Посебно признание од жири добија Мати Грунберг од Израел и Маргерита Касара од Италија. 

- Посебно доделуваме, со соработка со нашите добри соработници од Интернационалната фондација за музика и уметност, награда на Васил Василев од Македонија. Наградата „Остен“ ја добија Лукаш Богдан од Полска, Мате Ѓорѓевиќ од Србија, Чртомир Фрелих од Словенија, Камелија Отеро од Франција, Едита Патова од Чешка и Катаржина Томашевска од Полска, рече Конеска. 

Посебно признание од „Остен“, за национална колекција добива Полска, за индивидуална колекција Гидре Ришкуте од Литванија, а за легат Томијуки Сакута од Јапонија. 

Конеска појасни дека годинава планираат официјалната програма на биеналето да трае подолго, преку континуирани еднонеделни изложби, со кои, како што рече, ќе се претстават сите уметници, селектирани од страна на интернационалното жири.

- Почнуваме со изложбата на фотографии на Александрос Стаматиу од Грција, кој направи одлични фотографии од моментот на доделување статуетката „Гран при“ на Марина Абрамовиќ. Таа на минатото биенале беше добитник на „Гран при за животно остварување“, рече Конеска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...