Се обновува „Жена парк“ во близина на спортскиот центар во Тетово

Тетово, 25 август 2016 (МИА) - Локалната власт во Тетово денеска започна со активностите за обнова на паркот во близина на спортскиот центар во градот познат како „Жена парк“.

На почетокот на градежните работи присуствуваше градоначалничката на Тетово Теута Арифи која информираше дека вкупната вредност на зафатот е нешто над десет милиони денари. Средствата во висина од 7 милиони денари се обезбедени од Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој додека општината учествува со три милиони денари.

- Во паркот ќе биде засаден дрворед што ќе го одделува од улицата, ќе бидат поставени нови клупи и урбана опрема односно пешачки патеки, осветлување а планираме да има и обезбедување што ќе овозможуи паркот да биде користен и дење и ноќе. Идејата е со овој и другите зафати што ги изведуваме или се планираат да им овозможуиме на жителите на Тетово што повеќе места низ градот каде ќе може да го користат своето слободно време за прошетка, престој или спортување, изјави Арифи.

Од општина Тетово велат дека целосната реконструкција на паркот ќе биде завршена до крајот на следниот месец.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...