Премиерот Димитриев се сретна го грчкиот министер за надворешни работи Коѕиас

Скопје, 25 август 2016 (МИА) - Претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Република Грција, Никос Коѕиас.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, премиерот Димитриев ја истакнал потребата за пронаоѓање сфери и области кои ќе придонесат за зближување на двете држави и воспоставување на билатерални соработки.

- Република Македонија се залага на градење на позитивна клима и пријателство, и подготвеност да се разговара за надминување на отворените разлики. Потребен е објективен пристап и искрена волја за постигнување на решенија, како и разумност да се премостат разлики кои сега се премногу големи, истакнал премиерот Димитриев.

Спроведувањето на мерките за доверба, според него, претставува добар пример за тоа дека постои потреба за зближување на двете држави и дека е можно воспоставување на добри релации.

Премиерот Димитриев посочил дека во овој момент се добредојдени сите чекори кои ќе значат позитивни сигнали и моменти на зајакнување на довербата во овој процес, особено, како што рекол, во насока на реализација на стратешките интереси за членство на државата во ЕУ и НАТО алијансата, каде пречка е токму билатералниот спор за името. Додал дека на двете земји им се потребни чекори кои ќе значат решенија за иднината, наместо решенија за минатото.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...