Хуманитарна помош од Русија за поплавените подрачја

Хуманитарна помош од Руската Федерација, наменета за поплавените подрачја, денеска ќе пристигне на Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје. 

Помошта се состои од мобилни дизелни и бензиски генератори со моќност од 5 до 120 kW, специјални пумпи и пумпена опрема, ќебиња, конзерви од риба и месо.

Како што соопштија од Амбасадата на Русија во Македонија, хуманитарната помош ќе биде доставена со специјален авион „Ил-76“ на руското Министерство за цивилна одбрана, вонредни состојби и отстранување на последиците од елементарни непогоди.

Од Амбасадата информираат дека деновиве специјалистите на руското Министертво учествуваат во доделување хуманитарна помош низ светот, односно, отстранување на последиците од големите поплави во Централната Русија, шумските пожари во Португалија, големите хуманитарни операции за испорака на храна и лекови за цивилното население на југоисточниот дел на Украина и на Сирија. Покрај тоа, Русија изрази подготвеност да испрати специјалисти и хуманитарна помош во Италија по разурнувачкиот земјотрес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...