Со свечена седница на Советот на Општина Пробиштип почна одбележувањето на Денот на рударите

Штип, 26 август 2016 (МИА) - Со одржување на денешната свечена седница на Советот на Општина Пробиштип  денеска почна одбележувањето на Денот на рударите.

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски во својот говор на свечената седница на Советот на Општина Пробиштип меѓу другото подвлече дека изминатата година била тешка за околу 400 рудари, но и за локалната власт и локалната економија, бидејќи, како што рече, рудникот „Злетово“ замина во стечај. Благодарение на Владата, истакна тој, е пронајден нов инвеститор, а деновиве се очекува и неговото рестартирање.

- На големо задоволство, а со поддршка на Владата рудникот веќе има нов концесионер, компанијата „Булмак 2016“ од Бугарија на која во оваа прилика сакам да им посакам топло добредојде во Пробиштип и желби за успеси и развој на рудниците, а со тоа и развој на градот, рече Тоневски.

Според Тоневски, 2016 година е една од поуспешните години на локалната власт, бидејќи се реализираат големи капитални инвестиции во инфраструктурата. Во асфалтирање на улиците во должина од над 4.000 метри, потенцира, се инвестираат над еден милион евра, а исто така се градат и нови водоводни мрежи, мостови и Градска капела.

- За разлика до 2009 та година, кога општината имаше сопствен буџет во висина од околу 20 –тина милиони денари. Сопствениот буџет на Општина Пробиштип за 2016 година е рекордни 200 милиони денари. До овој момент реализацијата на буџетот е околу 120 милиони денари или тоа е 60 проценти реализација, рече Тоневски.

На свечената седница на Советот на Општина Пробиштип беа доделени и награди и признанија на учениците од основните и средни училишта, кои постигнале резултати на државните натревари. Во Пробиштип во рамки на одбележувањето на Денот на рударите денеска свечено беше отворена и Лесновската ликовна колонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...