МИОА: Заради доработка повлечен предлог законот за кампањи на јавните институции

Скопје, 26 август 2016 (МИА) -  Потребата за доработка на текстот на Предлог законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции е причина за неговото повлекување вчера од собраниска процедура, соопшти денеска Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).

- Со оглед на фактот што во текот на изминатиот месец, во процесот на консултации со над 100 медиумски куќи и асоцијации, Министерството презема обврска да ги разгледа добиените предлози и сугестии и да ги прифати оние кои ќе овозможат подобрување на текстот на законот, Владата на Република Македонија на предлог на Министерството, во текот на вчерашниот ден го повлече текстот на законот од Собраниска процедура. Можноста за повлекување на Предлог законот заради усогласување беше најавена уште на самите состаноци со медиумите и оттука, Министерството најостро ги демантира сите шпекулации во однос на причините за повлекување на законот и информира дека единствена причина е потребата за доработка на текстот на законот согласно добиените предлози и забелешки, се вели во соопштението.

Предлог законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции МИОА го изготви во насока на исполнување на барањето на Европската Комисија во однос на владиното рекламирање, утврдено во листата на Итни реформски приоритети од јуни 2015 година. Законот, соопштува ресорното Министерство, има цел да одговори на приоритетот за „воспоставување строги правила за владино рекламирање засновани на транспарентни, објективни и недискриминациски критериуми”, како и „за обезбедување на целосна транспарентност на владиното рекламирање, не само во однос на трошењето на јавните финансии, туку и во однос на примателите и содржините”.

МИОА истакнува дека очекува во следниот период сите засегнати страни со одговорно и конструктивно однесување да овозможат да се реализира исполнувањето на еден од итните реформски приоритети и да дадат свој придонес во изнаоѓање на долгорочно системско решение за ова прашање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...