Во Аксарај приведени 5 македонски државјани осомничени за членство ИД

Пет македонски државјани осомничени за членство во Исламска држава на 12-ти овој месец се приведени во синхронизирана акција на македонската полиција во соработка со турската полиција во едно од собиралиштата на џихадисти лоцирано во населбата Аксарај, Турција.

Од приведените македонски државјани, како што соопшти на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Митко Чавков, тројца од Куманово и две лица од Скопје, на организиран начин се обиделе да се приклучат кон терористичката организација.



- Во текот на акцијата при обид за бегство две од лицата се здобиле со тешки телесни повреди. По приведувањето осомничените биле однесени во прифатниот центар за странци во Истанбул, изјави министерот Чавков.

По преземените активности и документирањето на настанот осомничените се вратени во Македонија и против нив е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“. Од страна на судија на претходна постапка на сите пет пријавени лица определена им е мерка притвор.

Чавков појасни дека во собиралиштето осомничените биле сместени заедно со уште четири лица од Албанија, Сирија, Палестина и Мароко и чекале поволни услови за трансфер во Сирија.

- Според досегашните сознанија, лицата претходно биле поттикнати и oрганизирани од македонски државјани - џихадисти кои подолг период престојувале во Сирија, а осомничените заминале за Турција со цел приклучување кон муџахединските единици во Сирија, истакна министерот за внатрешни работи.

Двајцата кумановци на возраст од 21 и 24 години заминале за Турција на 22.јули со автобус преку Граничниот премин Табановце, па преку Ниш и Софија пристигнале во Истанбул. Едното лице од Куманово и двете од Скопје на возраст од 18, 19 и 20 години заминале за Турција на крајот на јули исто така со автобус, но преку ГП Богородица. За две од лицата во полицијата било пријавено од страна на нивните родители дека се исчезнати.

Како што посочи министерот Чавков, пријавените подолг период посетувале верски предавања на радикални имами во нивните градови каде започнало нивното индоктринирање и радикализирање, во кое, потенцира, биле инволвирани лица опфатени во претходните полициски акции „Ќелија“.

- МВР продолжува со преземање понатамошни мерки и активности за обезбедување докази и против други лица вклучени во индоктринирање, помагање и логистика за испраќање лица во редовите на муџахединските единици во Сирија и Ирак, одговори министерот Чавков на новинарско прашање дали се преземаат активности за приведување лица кај кои осомничените посетувале верски предавања односно радикални имами кадешто почнало нивното индокринирање.

Министерот Чавков информираше дека за 23 лица македонски државјани се води кривична постапка, околу 25 македонски државјани се загинати, а околу 50 лица се уште се на боиштата во Сирија и Ирак. Тој нагласи дека овие бројки не се конечни и постојано варираат.

Потсети дека во соработка со албанската полиција на 14.август во Тирана е уапсено лице по кое се трагаше по меѓународно распишана потерница во рамки на „Ќелија“ и во тек е постапка за негова екстрадиција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...