Шекеринска: Ако има политичка волја одлука за избори ќе има

Ако има политичка волја, решение на 31 август и одлука за избори ќе има, изјави денеска во Велес заменик претседателка на СДСМ Радмила Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање.

- Ние сметаме дека до 31 август можат да се исполат сите услови кои беа предвидени во договорот од 20 јули оваа година. Македонските граѓани долго време чекаат крај на кризата и долго време знаат дека првиот чекор за крај на кризата се фер и демократски избори, ништо повеќе, но исто така ниту ништо помалку. Ако повторно не се случи ВМРО ДПМНЕ и ДУИ да бегаат од фер избори, убедени сме дека на 31 август може да се донесе добра одлука за Македонија, рече Шекеринска.

Процесот којшто се одвиваше во ДИК покажа, а и потврди, вели Шекеринска, дека во Македонија постоеле голем број на фантомски гласачи кои сега веќе нема да ги има во списокот, бидејќи оние граѓани кои не беа фантоми се пријавија, се регистрираа, и се на списокот. 

Одговарајќи во врска со прашањето за медиумите, потпретседателката на СДСМ рече дека мора да се затвори и тоа прашање. - Договорот од 20 јули е многу јасен содржи мал број на услови и тие мора да се задоволат за да се донесе одлуката за фер и демократски избори, додаде Шекеринска.

Таа за време на денешната посета во Велес зборуваше дека главната цел во програмата на СДСМ ќе биде да се обезбедат повеќе работни места, и за младите, и за сите оние коишто ги немаат, но и тие да обезбедуваат подобри услови, подобри плати и поквалитетен живот.

- Една од мерките со којашто сметаме дека тоа ќе се постигне е со враќање на 15 отсто од вкупно платениот ДДВ. Тоа значи дека секој којшто купува во продавница, секој кој ги плаќа сметките, секој којшто купува училишен и школски прибор за своите деца, 15 отсто од сите пари коишто инаку и ги плаќа на државата ќе ги добие назад во семејниот буџет, вели Шекеринска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...