Неготино, 30 август 2016 (МИА) - Почетокот на изградбата на магистралниот гасовод на делницата Штип - Неготино ќе биде означен денеска.
Како што информираат од Акционерско друштво за вршење енергетски дејности „Македонски енергетски ресурси“ Скопје во државна сопственост, изградбата на делницата Штип - Неготино е втор дел од Проектот за изградба на Националниот гасоводен систем во Република Македонија.