Раст на приносите на пченка во Пелагонија

Скопје, 30 август 2016 (МИА) - Претставници на Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси и компанијата Алкалоид ад Скопје денеска ќе го одбележат почетокот на жетвата во Пелагонија.

Како што соопштуваат, почетокот на жетвата на пченка за силажа во Пелагонија годинава ветува продолжување на нагорниот тренд. Производителите бележат пораст на приносите од 124 проценти од 2012 до 2015 со помош на системите за наводнување „капка по капка“ и употребата на течни ѓубрива, благодарение на напорите на УСАИД, Владата на Швајцарија и Алкалоид АД Скопје за модернизација на производството .

Почетокот на жетвата ќе биде означен на полето со пченка на земјоделецот Илчо Даскалоски во близина на село Мало Коњари, Општина Прилеп. Тој постави систем „капка по капка“ на еден хектар од неговото поле со пченка, како донација од Проектот за експанзија на мали бизниси, финансиран од УСАИД и Владата на Швајцарија, а потоа го проширил на дополнителни два хектара со сопствени финансии поради добрите резултати.

Од проектот на УСАИД соопштуваат дека благодарение на системот капка-по-капка и течно ѓубриво на Алкалоид ад, Даскалоски очекува принос на силажа од пченка над 80 тони од хектар, значително над националниот просек од 30 тони од хектар. Истиот нагорен тренд, информираат, се забележува кај сите производители на пченка во Македонија кои во последните неколку години користат системи капка-по-капка и течно ѓубриво. - Просечните приноси на силажа на овие петстотина земјоделци изнесуваа 39 тони на хектар /во 2012 година, пред поставувањето на системите капка-по-капка, а по поставувањето на системите во 2013 бележат континуиран раст, и тоа со приноси од 72 тони од хетар во 2013, 82 во 2014 и 87 во 2015. Новиот рекорден принос на силажа од пченка поставен во 2015 изнесуваше дури 126 т/ха. Непогодните временските услови во 2016 имаа значително негативно влијание врз производството на пченка, но земјоделците кои се служат со системите капка-по-капка и течното ѓубриво ги минимизираа последиците и очекуваат да го задржат или надминат минатогодишниот просек, се вели во соопштението.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...