ОМД: Групата на пријатели на Македонија во американскиот Конгрес се прошири на 27 члена

Скопје, 30 август 2016 (МИА) - Конгресменот Алекс Муни (Републиканец од Западна Вирџинија), конгресменот Ренди Вебер (Републиканец од Тексас) и конгресменот Тед Лу (Демократ од Калифорнија), се новите тројца членови на Групата на пријатели на Mакедонија и на Македонците во САД, информира денеска Обединетата македонска дијаспора (ОМД). 

Посакувајќи им добредојде на тројцата нови членови од ОМД посочуваат дека Групата на пријатели на Македонија сега брои 27 членови, што е највисок број досега од нејзиното основање од страна на конгресменката Кендис Милер од Мичиген во 2011 година. Овие 27 членови доаѓаат од 15 различни американски сојузни држави, додека петнаесетмина од нив се од Републиканската партија, а дванаесетмина од Демократската партија.

Во историјата на Конгресот, се подвлекува во соопштението од ОМД, досега не постоела група за пријатели со Македонија - ова е исто така добар сигнал затоа што уставното име Македонија се користи првпат во историјата на Конгресот. 

- Им благодариме на конгресмените Муни, Вебер и Лу за нивното пријателство пред се со македонската заедница во САД, а потоа и за нивното залагање за цврсти односи меѓу САД и Македонија, изјави претседателот на ОМД, Методија А. Колоски.

Конгресменот Муни ја застапува втората изборна единица во Западна Вирџинија. Избран во 2014 година, Муни го пренесе во американскиот Конгрес своето искуство од државниот Сенат на Мериленд. Воедно е член и на влијателните конгресни комисии за природни ресурси и за државниот буџет.

Конгресменот Вебер, кој ја застапува 14. изборна единица во Тексас, беше избран во 2013. Претходно конгресменот Вебер водел помали бизниси и бил член на локалната самоуправа во Тексас. Воедно е член и на конгресната комисија за наука, технологија и за вселената, како и на поткомисијата за Европа при конгресната комисија за меѓународни односи.

Конгресменот Лу ја застапува 33.изборна единица во Калифорнија. Пред да биде избран во 2015, работел во локалната самоуправа на Калифорнија. Воедно е и полковник во воздушните сили на САД, откако претходно бил воен обвинител и командант. Член е и на конгресната комисија за државниот буџет, како и на онаа за надзор и владини реформи.

- ОМД ја охрабрува македонската заедница во САД да продолжи да работи напорно кон продлабочување на односите помеѓу Македонија и САД. Само така можеме да бидеме сигурни дека нашиот глас ќе биде присутен во сите слоеви на американското општество, стои во соопштението од ОМД.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...