Потпишан договор за санирање на најкритичните точки на браните на река Пена

Скопје, 30 август 2016 (МИА) – Договор за помош вреден 330.000 евра за санирање на најкритичните точки на браните на реката Пена во Полошкиот регион денеска потпишаа министерката за локална самоуправа Ширет Елези и постојаниот претставник на УНДП Лујза Винтон.

- Безбедноста на граѓаните е на прво место. Министерството за локална самоуправа преку своите програми со поддршка на меѓународната заедница ќе продолжи со директна поддршка за целосно отстранување на ризиците од излевање на реката Пена и заштита на населението во Полошкиот, но и во другите плански региони во државата, истакна Елези.

Потсети дека изминатата година со поддршка на УНДП се подготви темелна анализа која што ги лоцира ризиците од поплавите во Полошкиот регион.

- Најкритични точки се трите целосно уништени брани на реката Пена, чистење на речното корито и негова санација во должина од скоро два километри и продолжување на регулацијата во урбаната зона во должина од еден километар, рече Елези.

Според Лујза Винтон, екстремните временски настани се наша нова реалност и дека она што ни се случуваше на секои 100 години сега може да се очекува на секои 50 па дури и почесто.

- УНДП внимателно ги анализираше ризиците од поплави во Полошкиот регион истовремено со други студии на сите речни корита и планински поројни реки во земјата. Во секој случај, овие студии посочуваат широк спектар на мерки кои можат да се преземат за да се заштитат животите и имотите на луѓето и да се спречи екстремното време да предизвика катастрофа, истакна Винтон.

Додаде дека е потребно да се инвестира во инфраструктура, како што се браните кои ќе се поправат во горниот тек на реката Пена над Тетово со цел да се намали брзината на водата и да се запрат цврстите предмети кои ги носи реката.

- Основно правило на ОН е дека за секој еден долар кој го инвестираме заштедуваме седум долари кои би биле потребни на вонредни активности и обнова, рече Винтон и додаде дека истовремено со поправката на овие три брани заедничкиот проект ќе ја финансира и реконструкцијата на системот за рано алармирање на 120.000 жители на Полошкиот регион кои се соочуваат со заканата од поројни поплави.

Реконструкцијата и поправката на трите оштетени брани на реката Пена се очекува да заврши до крајот на оваа година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...