Во Ккочани 489 барања за субвенции за предадена оризова арпа

Кочани, 30 август 2016 (МИА) - На еден ден пред истекот на рокот за поднесување пријава за предадени количини на оризова арпа кај откупните и преработувачките капацитети, оризопроизводителите од Кочанскиот производен регион забрзано ги доставуваат комплетираните  документи за пријавување во  подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кочани за добивање субвенција по основ на предадена оризова арпа во текот на јули од реколтата во 2015 година.

Од  подрчаната единица на Министерството  во Кочани истакнуваат дека на еден ден пред истекот на рокот  31 август, се поднесени 489 апликации за добивање дополнителни субвенции за предадена оризова арпа кај откупувачите.

Посочуваат дека ова е во рамки на очекувањата и најавуваат дека овој број во текот на утрешниот ден би се зголемил за уште шеесетина апликации, кога се очекува и Подрачната единица на Министерството во Кочани да работи и со продолжено работно време доколку има потреба од тоа.

Со  новата мерка  на Владата земјоделците кои имаат пријавено земјиште до 2 хектари на кое одгледуваат оризова арпа ќе добијат 5 денари дополнителна субвенција за предаден килограм кај откупувачите. Земјоделците со земјиште од 2 до 10 хектари имаат право на субвенција од 4 денари за килограм, а производителите со пријавено земјиште над 10 хектари на кое одгледуваат ориз ќе добијат по три денари за килограм.

Одлуката арпата да биде предадена од 1 до 31 јули Владата ја донесе со цел да се продадат количините останати од минатогодишната реколта 2015 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...