Кривична пријава за двајца браќа кои на „Фејсбук“ објавиле порнографски материјал со малолетничка

Скопје, 30 август 2016 (МИА) - СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против С.М.(19) и неговиот 15-годишен брат двајцата од село Грчец, осомничени дека во временскиот период јули-август годинава, користејќи ја социјалната мрежа „Фејсбук“, во повеќе наврати по електронски пат примиле и на повеќе лица испратиле и прикажале порнографски материјал со 12-годишно девојче од Скопје.

За стореното кривични дела „прикажување порнографски материјал на дете“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“, предвидено и казниво по член 193 и 193-А, од страна на Судија на претходна постапка на пријавениот С.М. му е одземена патната исправа, забрането му е да го напушта домот во кој живее и задолжително еднаш во неделата да се пријавува во надлежен суд.

МВР денеска соопшти дека пријавениот малолетник кон крајот на јуни 2016 година на социјалната мрежа „Фејсбук”, остварил контакт и станал пријател 12-годишно девојче од Скопје, со кое почнале да си разменуваат електронски пораки. По одреден временски период, истиот остварил и неколку физички контакти со девојчето при што во повеќе наврати барал од неа да се слика во компромитирачка положба и сликите со порнографска содржина да му ги прати во порака на неговиот фејсбук профил. Откако на девојчето му испратил негови фотографии со порнографска содржина, малолетникот побарал од неа да сними порнографско видео на кое таа ќе врши полови дејства, при што истата тоа го направила и снименото видео му го испратила во електронска порака.

Во текот на кратката врска која пријавениот малолетник ја имал со девојчето во повеќе наврати по електронски пат си размениле фотографии и видеа со порнографска содржина, а кон средината на август 2016 година, наеднаш ја прекине комуникацијата со девојчето и и се закани дека целиот порнографски материјал снимен со неа ќе го препрати на нејзините пријатели.

На 16-ти овој месец, малолетникот го испратил порнографскиот материјал на 11-годишна другарка на девојчето, а потоа целокупниот порнографски материјал му го покажал на неговит брат С.М., кој пак и’ испратил електронска порака со порнографска содржина на оштетеното девојче и и се заканил дека  јавно ќе го објави целокупниот порнографски материјал од неа доколку таа не оствари физичка средба со него.

По ова, девојчето и кажала на мајката за заканите, која случајот го пријавила во ПС од ОН “Кисела Вода“, за што од страна на Единицата за економски и компјутерски криминал, браќата од с. Грчец се повикани во службените простории за да дадат појаснување во врска со пријавените кривично правните настани.

Од извршените проверки, во присуство и со дозвола на пријавените, полициски службеници од Единицата извршиле преглед на содржината на телефонските апарати, како и на електронската комуникација која пријавените ја воделе на социјалната мрежа „Фејсбук“, при што се откриени поголем број на фотографии и видео материјали со порнографска содржина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...