Загина моторциклист на Средно Водно

Скопје, 30 август 2016 (МИА) -  На локалниот пат Скопје-Средно Водно синоќа во 23:15 часот во сообраќајна несреќа животот го загуби К.Д. од Скопје.

Како што денеска соопшти МВР, сообраќајката се случила кога К.Д. (22) од Скопје, управувајќи моторцикал „Сузуки 750“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над моторот и удрил во метални еластични браници.

По незгодата, со возило на брза помош бил пренесен во Ургентен Центар Скопје, каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди, а на 30.08.2016 година во 00.50 часот Д.К.  починал. Смрт била констатирана од страна на лекар.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител  и увидна екипа при СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот ќе биде предадено за обдукција во Институтот за Судска Медицина и Криминалистика, а над моторциклот ќе биде извршен вонреден технички преглед.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...