Втор конгрес на патолози во Охрид

Скопје, 30 август 2016 (МИА) - Од 1 до 4 септември во Охрид ќе се одржи Вториот конгрес на патолозите на Република Македонија, на кој ќе учествуваат еминетни предавачи од Европа и САД.

Научната програма на Конгресот опфаќа широк преглед на различни полиња од областа на патологијата со посебен фокус на гастроинтестиналната, генитоуринарната, гинеколошка патологија и цитопатологија.

Во рамки на Конгресот ќе се одржи работилница на Европската школа за патологија, со наслов „Патологијата на дојката во 21. век“, во организација на  Европското здружение на патолози и на која како предавачи се вклучени тројца еминентни експерти во областа на патологијата: проф. Тибор Тот од Шведска, проф. Виценцо Еузебио и проф. Ана Сапино од Италија.

Вториот македонски конгрес на патолозите со меѓународно учество ќе овозможи размена на знаење и искуства на врвни експерти патолози и цитопатолози од Македонија и европските земји, кои ќе се осврнат на последните достигнувања во практиката и истражувањата во различни полиња на патологијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...