Еден кандидат се повлече од изборот во Комисијата за медиуми

Скопје, 30 август 2016 (МИА) - Привремената комисија за следење на медиумското претставување и на денешниот состанок не постигна согласност за избор на петтиот член, а притоа еден од кандидатите, Даут Даути, јавно соопшти дека ја повлекува номинацијата.

- Бидејќи пат-позицијата е поради самото персонално решение кој ќе го води ад-хок телото, а јас сум еден од двајцата сега веќе спорни кандидатури, ве молам мојата кандидатура да ја сметате како непостоечка со цел таа да не стане пречка за комплетирање на ад-хок телото, како и да не го задржи во заложништво целиот политички процес и да биде пречка за носење одлука за одржување договорени предвремени избори, информираше Даути преку соопштение испратено до Агенцијата за медиуми.

Привремената комисија ќе функционира како дел од Агенцијата за медиуми, при што во 100 дена пред изборите, кога ќе се спроведува засилено набљудување на информирањето, одлуките на Комисијата треба да бидат задолжителни за Агенцијата. Тие одлуки можат да доведат до постапки за казнување на телевизиите и радио станиците, за прекршување на методологија за известување подготвена според француски модел, која телевизиите ја оценија како претерано строга и произволна.

- Мислиме дека ќе најдеме решение во потребниот рок. Се надевам дека во Комисијата ќе го одбереме најоптималното решение кое што ќе доведе Комисијата да одлучува легитимно, без проблематизирање и врз основа на методологијата, изјави Горан Трпеноски, еден од четворицата актуелни членови на Комисијата, кои со консензус треба да го изберат петтиот член.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...