Пијанечки денови на сливата во Делчево

Делчево, 12 септември 2016 (МИА) - Делчево се подготвува за 5. Денови на пијанечката слива кои по традиција се одржуваат во месец септември на крајот на бербата на сливите.

Советникот за ЛЕР од општина Делчево Тони Стоименовски, денеска ги повика производителите од регионот, училиштата, институциите, домаќинките, но и производителите на домашна сливова ракија, да се пријават во општината и да земат учество на јубилејните денови на пијанечката слива со цел да го збогатат настанот и да ги изложат своите специјалитети подготвени од сливи.

- Деновите на пијанечката слива ќе се одржат на 23 септември во попладневните часови. Ова е уникатна можност нашите домаќини да ги изложат своите специјалитети од слива. Посетителите ќе имаат можност и на лице место да видат како се вари слатко, мармалад од слива, но и како се вари ракија, бидјеќи знаеме дека во овој крај се вари добра сливова ракија, рече Стоименовски.

Тој додаде дека за годинава општина Делчево подготвува и парични награди за најдобрите производи.

- За прцо место предвидена е парична награда од 12 илјади денари, за второ 6 илјади денари, а за трето награда од три илјади денари. Комисија ќе ги оценува понудените специјалитети и се надеваме дека, како и секоја година, и оваа ќе има уникатни специјалитети, рече Стоименовски.

Освен штандовите, на летната сцена свои концерти ќе имаат и неколку културно-уметнички друштва од регионот, а за вечерта е најавен концерт на Наум Петрески и Зуица Лазова. Инаку Делчево, модрата слива ја смета за свој бренд, бидејќи е најзастапена овоштарска гранка која ја има на 700 хектари површина.  Во добра земјоделска реколта само од Пијанец  годишно на пазарот излегуваат над 2 илјади тони сливи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...