Нов земјотрес ноќеска во скопското епицентрално подрачје

Скопје, 14 септември 2016 (МИА) - Нов земјотрес со интензинтет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван ноќеска во Скопје и околината.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, ноќеска во 01 часот и 32 минути регистрира земјотрес од источниот дел на скопското епицентрално подрачје со Рихтерова локална магнитуда од 3.2.

Скопје и околината во изминатите три дена беа погодени од серија земјотреси од кои најсилниот беше регистриран во неделата во 15:10 часот со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер.

Потресите предизвикаа вознемиреност кај населението, а лекарска помош по земјотресите досега побарале повеќе од 100 лица.

Потребата од проценка на безбедноста на објектите граѓаните треба да пријавуваат на бројот 195, каде се регистрирани 500 јавувања.

Надлежните институции посочуваат и на Упатството за самозаштита на граѓаните од земјотреси што може да се преземе на следниот линк:HYPERLINK "https://mail.mia.mk/News/Edit/%20http:/www.dzs.gov.mk/extra/doc/Upatstvo_-_zemjotresi.pdf%20" \n http://www.dzs.gov.mk/extra/doc/Upatstvo_-_zemjotresi.pdf .



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...