Објавен конкурс за 25 идни поручници во АРМ

Скопје, 20 септември 2016 (МИА) - Министерството за одбрана го објави конкурсот за пополнување на 25 работни места во Армијата на Република Македонија, од специфични дејности. На конкурсот се бараат лица кои имаат завршено најмалку додипломски студии, кои по завршувањето на стручното оспособување и усовршување т.н. офицерски курс во времетраење од шест месеци,  веднаш ќе бидат произведени во чин поручник и ќе добијат постојано вработување во Министерството за одбрана, односно АРМ.

Како што соопштија денеска од МО, во АРМ се бараат едно лице за интендандантска служба, едно лице за метеоролошка служба, девет доктори по општа медицина, 12 лица за техничка служба и тоа 7 дипломирани машински инжениери, 3 дипломирани електро инженери, 2 дипломирани инженери по информатичка технологија, како и две лица за финансиска служба. 

Министерството за одбрана во пишаното соопштение ги повикуваа сите лица не постари од 28 години возраст кои ги исполнуваат условите на Конкурсот, да се пријават и да ја искористат можноста да бидат поручници во Армијата на Република Македонија. Крајниот рок за пријавување е 01.10.2016 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...