Иванов-Дуда: Продлабочување на билатералната соработка, особено во економијата и одбраната

Скопје, 21 септември 2016 (МИА) - Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, во рамки на учеството на 71. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, оствари средба со претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда.



На средбата, како што соопшти кабинетот на Иванов, биле констатирани одлични билатерални односи и соработка во повеќе области. Договорена е размена на посети на највисоко ниво во наредниот период, кои треба да придонесат за натамошно продлабочување на билатералната соработка, особено во сферата на економијата и на одбраната.

Двајцата претседатели размениле мислења за состојбите во регионот, особено во контекст на неговата европска и евроатланска перспектива. Македонскиот претседател порачал дека крајно време е да се надмине статус-кво состојбата во однос на почетокот на пристапните преговори со Европската унија и во однос на членството во НАТО, како важен предуслов за трајна стабилност во регионот.

- Очекувам Полска како наш докажан пријател да продолжи да ги поддржува нашите заложби и напори за интегрирање во Европската унија и НАТО, истакнал Иванов на средбата со Дуда.

Двајцата претседатели размениле мислења и за мигрантската и бегалска криза. Претседателот Иванов истакнал дека Република Македонија е одлучна да даде свој придонес во нејзиното надминување, да делува усогласено со другите земји, не загрозувајќи ја притоа сопствената национална безбедност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...