Настап на Трпчески во Хановер, следно гостување во Финска

Скопје, 22 септември 2016 (МИА) - Македонскиот пијано виртуоз Симон Трпчески на 29 септември ќе настапи во Лахти, Финска, каде што со Симфонискиот оркестар на градот ќе го изведе Концертот број 3 за пијано и оркестар на Бела Барток, под диригентство на Далиа Стасевска од Осло. Претстојниот концерт следува по одличниот прием на Трпчески од германската публика во Хановер. 

- Откако ја награди со два биса по виртуозната изведба на Концертот број 2 за пијано и оркестар од Рахманинов заедно со Градскиот оркестар на Хановер, под диригентската палка на хрватскиот диригент Иван Репушиќ, публиката во Операта во Хановер, „потајно организирана“ од славната американска оперска пејачка, сопранот Хелен Донат, му возврати на македонскиот пијанист Симон Трпчески со несекојдневна честитка – стоечки му ја отпеа традиционалната за вакви пригоди песна „Среќен роденден!“, соопшти КултурОп. 

Концертот во Хановер се надоврза на настапите во Италија, Словенија, Шведска и Холандија. Во октомври Трпчески ќе се врати на престижната сцена на „Концертгебау“ во Амстердам - со Концертот број 3 за пијано и оркестар од Рахманинов, во чија изведба две вечери ќе го придружува Холандскиот филхармониски оркестар. Потоа Трпчески ќе продолжи да концертира во Соединетите Американски Држави со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...